Почина актерот Стивен Грајф, најпознат по улогата во серијата „Круна“

Почина актерот Стивен Грајф, најпознат по улогата во серијата „Круна“

пред 1 година

Британскиот актер Стивен Грајф, на публиката најпознат по улогата во серијата „Круна“, почина на 78-годишна возраст, соопшти неговиот претставник. Причината за неговата смрт се уште не е утврдена.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на прекрасниот Стивен Грајф. Неговата богата кариера ја одбележаа многубројните улоги на малите екрани и сцената, вклучително и Националниот театар во Лондон, РСЦ и Вест Енд. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“, објави агенцијата Мишел Брајдман Асошиејтс.

Последната улога на британскиот актерски ветеран беше претседателот на Долниот дом, сер Бернард Ведерил, за време на четвртата сезона на драмата на Нетфликс за британското кралско семејство, а тој може да се пофали со богата кариера на сцената и екранот, која започна во доцните 1960-тите со престижната приватна театарска група „Ројал Шекспир“.

Во однос на неговата телевизиска кариера, Грајф е главно познат на британската публика по улогата на командантот на вселената Тревис во научно-фантастичната серија Блејк 7 од 1970-тите и по улогата на сопственикот на пабот Хари Фенинг во ситкомот Граѓанин Смит. Тој се појави и во познати британски ТВ серии.

Share
Scroll to Top