Почина актерот Тајлер Кристофер Бејкер, јавноста го гледаше во многу серии

Почина актерот Тајлер Кристофер Бејкер, јавноста го гледаше во многу серии

пред 1 година

Актерот Тајлер Кристофер Бејкер, најпознат по улогите во сапуниците „Општа болница“ и „Денови на нашите животи“, почина на 50-годишна возраст.

Неговиот пријател и колега Морис Бенард ја потврди веста за смртта на актерот и објасни дека Кристофер ја завршил борбата со животот по срцев удар.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на Тајлер Кристофер. Тој почина по срцев удар во неговиот стан во Сан Диего”, напишал долгогодишниот колега на Тајлер, пишува „LA Times“.

„Тајлер беше навистина талентиран поединец кој го осветлуваше екранот во секоја сцена што ја изведуваше. Уништени сме од загубата на нашиот драг пријател и се молиме за неговите деца и татко“, додава Бенард.

Тајлер Кристофер Бејкер на пошироката јавност и е познат по улогата во серијата „Општа болница“ во која глумеше од 1996 до 2016 година. Главната улога во оваа серија му донесе „Еми“ награда за најдобар актер, како и многу други номинации.

Бејкер беше во брак со ѕвездата на „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија од 2002 до 2004 година. Од бракот со новинарката Бриен Педиго има две деца, синот Грејсун и ќерката Бое.

Текстот Почина актерот Тајлер Кристофер Бејкер, јавноста го гледаше во многу серии е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top