Почина актерот Хал Холбрук кој шеесет години го глумеше Марк Твен

Почина актерот Хал Холбрук кој шеесет години го глумеше Марк Твен

пред 3 години

Актерот Хал Холбрук, познат театарски и телевизиски глумец, почина на 95-годишна возраст, пишува „Њујорк тајмс“. Холбрук починал на 23 јануари, но не ја открива причината за смртта.

И покрај долгата кариера во филмот и телевизијата, Холбрук беше најпознат по тоа што го толкуваше ликот на писателот Марк Твен во монодрамата „Марк Твен вечерва“, која самиот ја напиша во 1950-те години. Шоуто почна да се прикажува на Бродвеј во 1966 година, аХ олбрук ја освои наградата Тони за најдобра изведба од главен актер во претстава. Подоцна заработи и номинација за Еми за телевизиски пренос на емисијата на „Си-би-ес“. Тој настапуваше како Твен до 2017 година, кога се повлече од претставата.

Актерот имаше и номинација за Оскар во 2008 година за неговатаулога како Рон Франц во „Во дивината“. Глумеше и во „Сите луѓе на претседателот“, „Вол Стрит“, „Фирма“ и други.

Share
Scroll to Top