Почина актерот Чарлс Гродин, ѕвездата на филмовите „Бетовен“

Почина актерот Чарлс Гродин, ѕвездата на филмовите „Бетовен“

пред 3 години

Актерот Чарлс Гродин, познат по улогите во комедиите „Полноќно трчање“ и „Бетовен“, почина на 86 години. Гродин почина во својот дом во Конектикат, од рак на коскената срж, објави весникот „Њујорк тајмс“.

Гродин беше еден од омилените ликови во холивудските комедии, емисии и ток-шоуа.

По веста за неговата смрт, многу негови колеги преку социјалните мрежи му оддадоа почит, а меѓу нив беше и актерот Стив Мартин, кој го опиша Гродин како „еден од најсмешните луѓе што некогаш ги сретнал“.

Share
Scroll to Top