Почина Ашанти Смит, 18.годишна тинејџерка заробена во тело на 144 годишна старица

Почина Ашанти Смит, 18.годишна тинејџерка заробена во тело на 144 годишна старица

пред 3 години

Почина Ашанти Елиот Смит (18). која страдаше од синдромот HGPS или Хачинсон Гилфорд Прогерија, познат и како Бенџамин Батон синдром, пишуваат странските медиуми. Лекарите ѝ предвидува живот до нејзиниот 15-роденден, поради тоа што нејзиното тело беше на возраст на 144-годишник.

Болеста на Ашанти е исклучително редок синдром, односно таа старееше неконтролирано, поточно осум години за секоја година од нејзиниот живот. Тој се јавува еднаш во 20 милиони случаи, се смета дека има околу 400 деца кои ја делат истата судбина.

„Ашанти почина покрај мене, нејзиниот татко и наша блиска пријателка. „Мораш да ме пуштиш“, беше последното нешто што ми го кажа Ашанти пред да почине, изјавила нејзината мајка, Фиби Луис Смит.

Фиби изјавила дека погребот ќе биде организиран со многу бели коњи, пердуви и знамиња во бои на виножито.

„Нејзиниот живот беше чиста радост. Прогеријата влијаеше на нејзината подвижност, но не и на радоста на животот. Ја обожував, таа беше брилијантна и со неверојатен дух, изјавила нејзината мајка.“

Од декември лани,  Меѓународниот регистар на прогерија на Фондацијата за истражување Прогерија идентификуваше вкупно 131 деца и млади возрасни лица кои живеат со прогерија ширум светот.

Share
Scroll to Top