Почина бабата од Чикаго која на 104 години собори светскиот рекорд во скок со падобран

Почина бабата од Чикаго која на 104 години собори светскиот рекорд во скок со падобран

пред 7 месеци

Дороти Хефнер, чиј неодамнешен скок можеше да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност што скокнала со падобран од авион, почина на 104-годишна возраст.

Само седум дена пред нејзината смрт, Дороти направи рекорден скок од 4100 метри, 140 километри југозападно од Чикаго.

Вработените во старечки дом ја пронашле 104-годишната жена во нејзината соба, а американските медиуми објавија дека Дороти починала во сон на 1 октомври.

„Таа беше неуморна. Таа не беше некој што би дремел попладне или нема да се појави на некој настан, вечера или било што. Секогаш беше таму, целосно присутна“, изјавија вработените во домот.

„Годините се само бројка“, рече Дороти Хефнер пред воодушевената публика, веднаш по слетувањето на аеродромот за падобранци во Отава, на околу 140 километри од Чикаго.

Домот вели дека работи на документација за Гинисовата книга на рекорди постхумно да ја потврди Дороти како најстариот падобран во светот, но очекуваат дека тоа ќе потрае некое време.

Инаку, рекордот за најстар падобранец на светот во книгата на рекорди го постави во мај 2022 година 103-годишната Линеа Ингегард Ларсон од Шведска.

Share
Scroll to Top