На 55 години почина Бразилецот Валдир Сегато, кој јавноста го запозна по огромните мускули, објави Дејли Меил.
За да има големи мускули тој со години користел инекции со синтол, кои сеопасни по живот и покрај предупредувањата на лекарите. Тој истакнал дека негови примери се Арнолд Шварценегер и стрип-јунакот Хулк.
„Постојано ме викаат Хулк, Шварценегер или Хе-Ман и тоа ми се допаѓа. Ги удвоив бицепсите, но сакам да бидат уште поголеми“, изјавил тој во едно интервју.
Лекарите пред шест години го предупредиле дека може да се соочи со ампутација или барем оштетување на нервите доколку продолжи да ги користи опасните инјекции, но тој ги игнорирал предупредувањата.
Локалните медиуми објавија дека тој бил пренесен во болница и дека се жалел на отежнато дишење.