Почина британската глумица Анџела Ленсбери

Почина британската глумица Анџела Ленсбери

пред 2 години

Популарната британска глумица Анџела Лебсери почина на 97 годишна возраст. Таа почина во нејзиниот дом во Лос Анџелес, а тажната вест ја потврди нејзиното семејство.

dobivaj vesti na viber

„Нејзините деца со голема тага објавија дека нивната мајка почина мирно во сон во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Таа почина во средата утрото околу 1:30 часот, само пет дена пред нејзиниот 97 роденден.

Најпозната беше по нејзината улога во серијата „Убиство“. Серијата освои голем број награди меѓу кои и „Еми“. Кариерата во Холивуд ја почна во 40 години од минатиот век, а ја продолжи на „Бродвеј“ во 60-те и 70-те. Пред повече од три децении стекна голема популарност во познатата криминалистичка ТВ серија.

Во текот на кариерата имаше пет номинации за театарската награда Тони, шест за Златен глобус и дури 18 за Еми, а во 2014 ѝ беше доделен почесен Оскар. Последната улога ја оствари во 2018.

Share
Scroll to Top