Утрово по кратко боледување, на 59 години, почина еден од најпознатите скопски угостители, Мирко Голомеиќ, сопственик на култната кафеана „Мирко 919“ и на сите угостителски објекти под брендот „Рагуза“.
Голомеиќ починал утрово во приватна клиника во Скопје, откако пред неколку дена му се откачил тромб и па паднал во кома, открија за „Репортер“ блиски пријатели на семејството.
Веста за смртта на познтиот угостител ја потврди и неговиот син.
„Секогаш ќе те паметиме вака насмеан, позитивен и енергичен човек, полн со живот. Почивај во мир“, напиша тој на Фејсбук.