Почина глумецот Мирко Бабиќ

пред 3 години

Српскиот глумец Мирко Бабиќ, кој во јавноста е најпознат по улогата на Драгојло во серијата „Село гори, а баба се чешла“, вчера почина на 72 години, пишуваат српските медиуми.

Мирко Бабиќ е роден во Крагуевац. Дипломирал на белградската Академија за театар во 1973 година. Носител е на бројни награди за својата работа, меѓу кои и статуетката „Јоаким Вујиќ“, која се доделува за исклучителен придонес во театарската уметност. Исто така носител е и на признанието за „Заслужен граѓанин на градот Крагуевац“, најголемото признание кое може да го добие еден Крагуевчанец.

Пошироката јавност најмногу го памти по улогата на Драгојло во серијата „Село гори, а баба се чешла“, а ќе остане најзапаметена неговата позната реплика: „Мислам, немој да се лутиш“.

Share
Scroll to Top