Почина глумецот Рон Сифас Џонс по тешката битка со болеста

Почина глумецот Рон Сифас Џонс по тешката битка со болеста

пред 1 година

Рон Сифас Џонс, филмски и театарски актер, почина на 66 години. Веста ја објави неговиот менаџер Ден Спило кој рече дека Џонс починал по долгогодишниот проблем со хронично заболување на белите дробови.

„Неговата топлина, убавина, дарежливост, добрина и срце ги почувствуваа сите што имаа среќа да го запознаат“, рече Спило.

Џонс беше познат по улогата на Вилијам Хил во серијата „Ова сме ние“, а оваа улога му донесе две Еми награди за најдобар гостин глумец во драмска серија. Глумел и во многу други остварувања како Law & Order: Organized Crime, Better Things, Luke Cage, Looking For Alaska.

Share
Scroll to Top