Почина глумецот Томи Листер - Малиот

Почина глумецот Томи Листер – Малиот

пред 3 години

Популарниот глумец Томи Листер почина вчера на 62-годишна возраст. Тажните вести ги потврди неговата менаџерка Синди Каван.

Медиумите пренесуваат дека глуецот бил пронајден во својот дом без знаци на живот. Каван изјави дека кај Листер во последните неколку дена се појавиле симптоми на коронавирус.

„Тој беше прекрасно момче со златно срце. Сите го сакаа. Вистински џин на нежноста. На сите ни е скршено срцето“, објави таа.

 Томи е познат како улогата на силеџија во комедијата „Петок“, како и споредните улоги во „Петтиот елемент“.

Филмскиот џин познат како Малиот (tiny) ќе се појави во филмовите „60 минути за убиството“ (60 Minutes to Kill) „Отпадници“ (Renegades), кои беа закажани за 2021 година.

Share
Scroll to Top