Почина диригентот Стефан Солтес откако колабираше во операта во Минхен

Почина диригентот Стефан Солтес откако колабираше во операта во Минхен

пред 2 години

Австрискиот диригент Стефан Солтес (73) почина во петокот навечер, откако колабираше додека ја диригираше „Тивката жена“ воо операта во Минхен.

dobivaj vesti na viber

„Со неверување и длабока тага Баварската државна опера ја објавува и ја потврдува веста за смртта на Стефан Солтес. Тој почина откако колабрира на сцената за време на изведбата на ‘Тивката жена’ од Ричард Штраус додека диригираше со оркестарот во Националниот театар во Минхен“, се вели во соопштението на Баварската државна опера.

Засега нема детали за причината за неговата смрт.

 

Во текот на својата долга кариера, австрискиот маестро со унгарско потекло диригирал со оркестрите на оперските куќи во Виена, Грац, Хамбург и Берлин.

Од 1988 до 1993 година, тој беше музички директор на театарот Бранзвик во централна Германија и диригент на фламанската опера во Антверпен и Гент од 1992 до 1997 година.

Share
Scroll to Top