Почина истражителот од кој Бил Клинтон најмногу се плашеше поради аферата со Моника Левински

Почина истражителот од кој Бил Клинтон најмногу се плашеше поради аферата со Моника Левински

пред 2 години

Пораншениот истражител Кен Стар, кој се прослави и како специјален обвинител и шеф во истрагата на бившиот американски претседател Бил Клинтон, починал во болница во Хјустон. Последните четири месеци бил сместен на интезивна нега, рече неговиот колега Марк Лани.

Деталите од неговите здравствени проблеми не се целосно јасни, пренесоа медиумите. Беше познат и по тоа што во 2020 година му помогна во одбраната на тогашниот претседател Доналд Трамп против уставниот импичмент.

Стар на 27 години стана најмладиот федерален жалбен судија во историјата на САД. Работел во сојузниот апелационен суд во Вашингтон. Од 1989 година до 1993 бил главен адвокат кој ја застапувал администрацијата на претседателот Џорџ Буш постариот пред Врховниот суд во САД.

Републиканските конгресмени потоа го избраа за специјален обвинител во истрагата на Вајтвотер, која настојуваше да утврди дали Бил и Хилари Клинтон, како гувернерка на Арканзас ги кршеле законите во продажбата на недвижности.

Истрагата тогаш го опфати и самоубиството на нивниот соработник, Винесент Фостер, за кого се шпекулираше дека бил во врска со Хилари. Дојде до истрага откако Стар добил дојава од адвокатот Пол Џонс, кој го обвинил Клинтон за сексуално вознемирување.

Клинтон беше обвинет дека лажел под заклетва кога негирал дека имал секс со тогашната приправничка во Белата куќа Моника Левински. Хилари жестоко ја негирала врската додека истражителите не го пронашле синиот фустан на кои имало траги од претседателската сперма.

Потоа Клинтон бараше помилување, а републиканците не успеаја да добијат доволно гласови во Сенатот за да го потврдат импичментот. Во својата истрага во Представничкиот дом, Стар напишал дека Клинтонови лажеле под заклетва и дека ја попречувале истрагата.

Представничкиот дом го одобри импичментот, но истиот пропадна во Сенатот, како и двата импичменти на Трамп, за уцена на Украина и поттикнување напади врз Конгресот. Додека го бранеше Трамп во 2020 година, Стар ја критикуваше политизацијата на уставниот импичмент.

По завршувањето на истрагата за Клинтон, Стар стана професор по право во Калифорнија и Тексас. Во 2016 година ја изгуби позицијата на претседател на Универзитетот Бејлор во Тексас, по што ги игнорираше обвинувањата за сексуално вознемирување од страна на студенкти.

Под Стар, школската управа ги убедувала учениците да не ги пријавуваат нападите. Стар подоцна се извини за тоа.

 

Share
Scroll to Top