Маки Каџи, кој ја измисли и популарната играта судоку, почина од рак на 69 години.
„Познат како татко на судокуто, Коџи беше почитуван од обожавателите на загатки низ цел свет и сакаме во нивно име да му изразиме благодарност“, соопшти неговата компанија „Николи“ и ја потврди веста за неговата смрт.
Каџи работел во печатница пред да го покрене првото јапонско енигматско списание. Во средината на 1980-тите години се инспирирал од постоечка загатка со бројки и го создал она што подоцна го нарече судоку, а што на јапонски значи „секоја бројка мора да биде сама“.
Судоку стана популарно надвор од Јапонија пред две децении, откако почна да се појавува во весници покрај крстозборките. Се проценува дека денес има 100 милиони редовни играчи на судоку. Од 2006 година се одржува и светско првенство во судоку.