Еден од најтрофејните европски кошаркарски тренери, Мирко Новосел, почина на 85 години. Беше творец на легендарната генерација на Цибона во осумдесетите и примен во кошаркарската Куќа на слваните.
Четрнаесет години играше во Локомотива од Загреб, каде ѝ ја почна тренерската кариера. Откако ги донесе Крешимир Ќосиќ и Дражен Петровиќ, трипати стана првак на Југославија со Цибона и двапати го освои Купот на европските шампиони.
Со Југославија освои сребрен медал на Олимписките игри 1976 во Монтреал и бронза на Олимписките игри во 1984 во Лос Анџелес. Беше и двократен европски и светски вицешампион. На клупата на Хрватска беше трет на Европско во 1993, а во 2007 стана член на кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд.
Би можело да ве интересира
Концерт на Здравко Чолиќ на јубилејниот Joy fest во Крива Паланка
(Видео) Вработен во „Старбакс“ плаче и се жали дека мора да работи осум часа на ден
По Лондон и Њујорк, Трпчески и Венгеров ја кренаа на нозе и публиката во Париз
Промовирана првата музичка фолк-сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“
Со претставата „Грдиот“ ќе се отвори годинашната „Гола месечина“
Сериски убиец по 30 години самиот ги признал злосторствата