Почина легендарниот Лазар Лечиќ - Reporter.mk

Почина легендарниот Лазар Лечиќ – Reporter.mk

пред 4 месеци

Легендата на кошарката во поранешна Југославија и во независна Македонија, Лазар Лечиќ, почина синоча во Скопје на 85-годишна возраст.

Лечиќ беше истакнат тренер, и остави длабока трага во кошарката на овие простори, поставувајќи ги темелите на кошарката од осамостојувањето на Македонија.

Кариерата ја почнува во Работнички, а потоа станува тренер на оваа екипа која ја водеше на неколку пати. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1968, работеше и во МЗТ, Никол Ферт. Како тренер ги предводеше Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис.

Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула.

Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.

Погребот на Лазар Лечиќ ќе биде утре 14. август на гробиштата Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.

Фото/ antenazadar.hr

Share
Scroll to Top