Почина легендарниот пејач Тони Бенет, кој соработуваше со најголемите музички имиња од Френк Синатра до Лејди Гага

Почина легендарниот пејач Тони Бенет, кој соработуваше со најголемите музички имиња од Френк Синатра до Лејди Гага

пред 10 месеци

Почина легендарниот американски пејач Тони Бенет на 96-годишна возраст, пренесува Дејли Мејл.

За две недели тој ќе го прославеше својот 97. роденден.

Неговата портпаролка Силвија Вајнер потврди дека тој починал во родниот Њујорк, но причината за смртта се уште не е позната.

Во 2016 година, на Бенет му беше дијагностицирана Алцхајмерова болест, со која се бореше во тајност до 2021 година.

Тони зад себе остави бројни безвременски хитови, а во текот на својата повеќедецениска кариера соработуваше со најголемите музички имиња, од Френк Синатра до Лејди Гага.

Издаде повеќе од 70 албуми и освои 19 Греми, а меѓународна популарност постигна со песната „Ај лефт мај харт ин Сан Франциско“.

Неодамна влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот изведувач во историјата кој објавил албум со нови песни.

Роден е како Ентони Доминик Бенедето во Њујорк на 3 август 1926 година.

Во животот се женеше три пати, а од 2007 година е во брак со 40 години помладата Сузан Кроу.

 

Share
Scroll to Top