Почина легендарниот фудбалер Жист Фонтен

Почина легендарниот фудбалер Жист Фонтен

пред 2 години

Легендарниот француски фудбалер Жист Фонтен почина на 90-годишна возраст, објави „Лекип“. Фонтен ќе остане запаметен како единствениот фудбалер кој постигнал рекордни 13 гола на едно Светско првенство (во Шведска 1958 година).

За „галските петли“, постигна вкупно 30 гола на 21 натпревар. Играше за Франција помеѓу 1953-1960 година.

Иако играше на само на еден Мундијал, Фонтен е на четвртото место на вечната листа на најдобри стрелци на Светските првенства.

Само тројца фудбалери имаат постигнато повеќе голови од него: Мирослав Клосе (16), Бразилецот Роналдо (15) и Герд Милер (14), но зад себе имаат повеќе турнири.

Роден е во 1933 година во Мароко, а во клупската кариера играше за УСМ Казабланка, Ница и Ремс.

Share
Scroll to Top