Почина Леклер од хит-комедијата „Ало ало“

Почина Леклер од хит-комедијата „Ало ало“

пред 3 години

Британскиот актер Робин Паркинсон, најпознат по улогата на Леклер во култната хумористична серија „Ало, ало“, почина на 92 години. Во соопштението до јавноста стои дека починал мирно, додека покрај него биле сопругата и ќерките.

dobivaj vesti na viber

Паркинсон беше добро познато лице на англиската комедија во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век. Тој глумеше и во комедиите „Младите“, „Армијата на тато“, „Двајцата мажи по име Рони“ и други.

Неговата кариера траеше повеќе од четири децении во филмот, театарот и телевизијата. Сепак фановите ќе го паметат по улогата на Ернест Леклер и познатата реплика: It is I, Leclerc!

Share
Scroll to Top