Мaкедонскиот спортист Емил Илиќ почина денеска. Веста ја објави неговиот брат Ерол.

Илиќ цела кариера носеше победи за Македонија, ја претставуваше државата ширум светот и беше добитник на бројни награди и признанија.

Емил Илиќ во 2007-ма година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, што му ја издаде Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.