Почина мајката на Шер, актерката Џорџија Холт

Почина мајката на Шер, актерката Џорџија Холт

пред 3 години

Актерката и модел Џорџија Холт почина на 96 години. Веста за нејзината смрт на потврди нејзината ќерка Шер.

„Мама ја нема повеќе“, напиша Шер на Твитер и се прости од мајка си.

Пред неколку месеци Шер кажа дека нејзината мајка завршила во болница поради пневмонија и други здравствени проблеми, но дека се чувствува подобро. 

Џорџија Холт е родена 1926 година и во младоста била успешна актерка, пејачка и манекенка. Се мажела шестпати. Од бракот со Џон Пол Саркисан ја добила ќерката Шер, а од бракот со Џон Саутал ја добила ќерката Георгана Ла Пјер. Од 1976 година, па сѐ до крајот на својот живот, Холт беше во врска со Крег Спенсер.

Share
Scroll to Top