Мајк Хау, пејачот на бендот „Metal Church“, почина во својата 55 годишна возраст. Ѕвездата на хеви металот почина во неговиот дом во Калифорнија.
„Со длабока тага мора да ја објавиме смртта на нашиот брат, пријател и вистинска легенда на хеви метал музиката. Мајк Хоу почина утрово. Не можеме со зборови да го опишеме она што го чувствуваме. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност и приватноста на Семејството Хау во ова најтешко време“, се вели во соопштението на бендот. Во моментов не е позната причината за смртта. Легендата на хеви металот ја започна својата кариера во групата Хелион пред да се приклучи на Херетиќ, формиран во 1986 година.
“Метал Чрч’ е формирана во 1980 година, а Хау се приклучи на составот во 1988 година за нивниот трет албум „Blessing in Disguise“, што резултираше во една од нивните најпопуларни песни „Бадлендс“.