Почина менаџерот Марио Липша, пионер на модните настани во Македонија и сопруг на Сашка Петковска

Почина менаџерот Марио Липша, пионер на модните настани во Македонија и сопруг на Сашка Петковска

пред 2 години

Вчера во Скопје, на 78 години почина Марио Липша, моден и музички менаџер. Тој беше еден од првите кои организираше Мис на Македонија, како и организатор на модните реавии кај нас во времето на деведесетите.

dobivaj vesti na viber

Неодамна во интервју за Репортер Мики Црнокрак, некогаш  еден од водечките манекенки кај нас,сподели дел од спомените за Марио Липша.

“Тој ќе ни се јавеше да ни каже дека има модна ревија и не едвај чекавме. Никој тогаш не прашуваше за хонорар и се организиравме сами, кој со коли, кој со автобус за да отидеме на ревија. Па така ѝ јас и Светлана ја почнавме љубовта, по еден телефонски повик од Марио за на ревија“, раскажа тогаш Црнокрак.

Липша ѝ беше сопруг на трагично загинатата Сашка Петковска, која беше еден од  најдобрите женски вокали кај нас. Марио и Сашка имаа две ќерки, Леа и Сандра.

Петковска загина на 31 август во 1983 година во сообраќајна несреќа заедно со уште тројца членови на нејзината балетска група „Авона”, патувајќи на концерт во Свети Николе. Тогаш имаше 32 години.

Фото: Фејсбук

 

 

 

Share
Scroll to Top