Почина Мирјана Мариќ, најпознатата југословенска модна креаторка

Почина Мирјана Мариќ, најпознатата југословенска модна креаторка

пред 3 години

Денеска во Белград почина најпознатата југословенска модна дизајнерка Мирјана Мариќ на 84-годишна возраст, потврди нејзиното семејството.

Мариќ е родена на 22.05.1938 година во Кравље во близина на Ниш, а од 1948 година живееше со своето семејство во Белград. Дипломираше во 1960 година на Академијата за применета уметност, Катедра за текстил, а потоа магистрираше текстил и современ костум на Уметничкото училиште во Манчестер.

 

Своите колекции ги брендираше под името ММ, кои се продаваа во бутици низ цела Југославија. Нејзините креации ги носеа доста познати дами, меѓу кои и сопругата на југословенскиот претседател, Јованка Броз, „Амазонките“ на Гадафи, данската принцеза, белгиските принцези, претставници на дипломатскиот кор, сопруги на многу странски државници итн.

Мариќ беше мажена за д-р Михајло Мариќ, основач на Службата за социјално сметководство на поранешна Југославија, кој почина во 1992 година.

Последните 35 години таа живееше на релација Србија-Америка.

Share
Scroll to Top