Почина пејачот Џони Неш - Reporter.mk

Почина пејачот Џони Неш – Reporter.mk

пред 4 години

Американскиот пејач текстописец Џони Неш, познат по безвременскиот реге хит I Can See Clearly Now, почина на 80-годишна возраст. Веста за смртта на пејачот ја потврди неговиот син Џони Неш Трети, а порталот „Ти-ем-зи“ пишува дека починал од природна смрт во својот дом.

„Тој беше прекрасен татко и семеен човек. Ги сакаше луѓето и светот. Ќе недостасува многу. Семејството за него беше сè”, изјави синот на Неш за „Ти-ем-зи“.

Хитот I Can See Clearly Now беше издаден во 1972 година и се задржа на врвот на Билборд Хот 100 листата на најпопуларни синглови во САД четири недели.

Share
Scroll to Top