Почина познат дизјанер, неговите креации ги носеа Ријана, Шарлиз Тенор, Тајра Бенкс...

Почина познат дизјанер, неговите креации ги носеа Ријана, Шарлиз Тенор, Тајра Бенкс…

пред 5 часа

Креаторот Аурелио Костарела почина на 60-годишна возраст, кој боледуваше од Кројцфелд-Јакоб болеста, ретка и фатална состојба која води до прогресивно губење на функцијата на мозокот.

Веста за неговата смрт беше објавена на Инстаграм само неколку часа откако почина.

„Австралија загуби брилијантен творец кој допре до животите на многу луѓе. Аурелио беше подарок на Перт за светот. Неговата мода ги направи сите среќни да се чувствуваат како филмска ѕвезда носејќи ги неговите дизајни. Ти благодарам, Аурелио, за посебните спомени. Моите мисли се со Пол и семејството Костарел“, со овие зборови се прости од него ТВ ѕвездата на „Network Ten“, Нарелда Џејкобс.

 

Од австралискиот дизајнер се простија и водителките Џулија Морис и Трејси Во, дизајнерката на чевли Лара Вилкинсон и австралискиот модел со хрватско потекло Лора Давидовиќ: „Толку тажно, тој беше една од најљубезните и најталентираните души со кои беше благословена оваа индустрија. Почивај во мир, драг пријателе“.

Аурелио Костарела починал опкружен со своите најблиски, пишува „The West Australian“.

Неговите модели ги носеа Ријана, Данската кралица Мери, Шарлиз Терон и Тајра Бенкс. Тој беше самоук дизајнер, а својата кариера ја започна во 1990-тите во Сиднеј и неговиот роден Перт.

Share
Scroll to Top