Почина поранешниот евровизиски победник Тото Кутуњо

Почина поранешниот евровизиски победник Тото Кутуњо

пред 1 година






Италијанскиот пејач Тото Кутуњо почина на 81 година, објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Почина во вторникот околу 16 часот во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, каде бил хоспитализиран.

Неговиот менаџер Данило Манкузо, за италијанската новинска агенција ANCA, рече дека долго време се борел со тешка болст и дека состојбата му се влошила во последните неколку месеци..

Кутуњо кариерата ја започна во осумдесетите години и беше најпознат по хитот L’italiano. На фестивалот во Санремо ја отпеа песната „Да пеам со гитара во рака“. Кутуњо победи и на изборот за песна на Евровизија во Загреб во 1990 година со песната „Insieme“.






Share
Scroll to Top