Почина претседателот на „Самсунг“ и најбогатиот Јужнокореец

Почина претседателот на „Самсунг“ и најбогатиот Јужнокореец

пред 3 години

Претседателот на тегнолошкиот гигант „Самсунг“, Ли Кун-хи, почина на 78. годишна возраст. Причината за неговата смрт засега не е позната, но тамошните медиуми пренесуваат дека тој починал во присуство на неговото семејство.

Ли се сметаше за најбогатиот Јужнокореец, затоа што неговото богатство се проценуваше на околу 21 милијарда долари, пренесува светскиот еконосмки магазин „Форбс“.

Ли беше заслужен за трансформација на претпријатието кое го основал неговиот татко, а кое почнало како мал бизнис. Денешниот „Самсунг“, е глобален економски гигант, кој се занимава со производсство на електроника, осигурување и транспорт.

„Сите ние, вработени во „Самсунг“, со задоволство ќе го паметиме човекот кој нас не водеше“, е наведено во соопштението од компанијата.

Ли се вклучил во семејниот бизнис во 1968 година, а ја превземал компанијата во 1987 година, по смртта на неговиот татко. Тој ја трансформирал компанија која на почетокот произведувала евтини и неквалитетни производи, во светски познат гигант и производител на квалитетна електроника.

Првиот човек на „Самсунг“, ќе остане запаметен по реченицата која ја кажа во 1993 година на своите вработени.

„Променив сè освен нашите жени и деца“, изјавил тој.

„Самсунг има уништено 150.000 парчиња мобилни телефони за да почне со новата, модерна и динамична фаза на глобалната пазарна експанзија и корпоративен развој.

Share
Scroll to Top