На 55 години почина д-р Татјана Петрушевска, универзитетски професор, правник. Освен по прдавањата, студентите ја паметат и по интересниот и уникатн стил на облекување. Токму вакви пораки стојат и по објвата на пејачката Ребека Јанковска. која ја сподели веста за Петрушевска.
Татјана Петрушевска беше редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави.
Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија.