Почина Ричард Роџерс, архитектот на „Помпиду“ во Париз и лондонската „О2 арена“

Почина Ричард Роџерс, архитектот на „Помпиду“ во Париз и лондонската „О2 арена“

пред 3 години

Почина италјинско-британскиот архитект Ричард Роџерс, кој е автор на светски познати дела како центарот „Помпиду“ или Бобур во Париз или „Милениум доум“, сега позната како лондонска „02 Арена“ на 88 години. Веста ја соопшти неговиот портпарол.

Тој е роден во 1933 во Фиренца, а се образовал на Архитектонската школа во Лондон, а магистрирал на Јеил. Стана славен во 1970-те и 1980-те, откако создаде два објекта кои беа оценети како контроверзни во тоа време, бидејќи однадвор ги постави лифотвите и климауредите, како на пример Помпиду и зградата Лојдс во Лондон. Во 2007 ја доби највисоката архитектонска награда Прицкер за Помпиду.

Покрај овие дела, тој го создаде дизајнот и на: Европскиот суд на човекови права во Стразбур, Велшкото собрание во Кардиф, Терминалот 5 на аеродромот Хитроу во Лондон и Терминалот 4 на мадридскиот Барахас. Исто така, и Светскиот трговски центар 3 во Њујорк, облакодерот од 80 спрата кој стои на местото на поранешните Кули близначки.

Share
Scroll to Top