Почина синот на Пабло Пикасо

Почина синот на Пабло Пикасо

пред 1 година

Синот на големиот шпански сликар Пабло Пикасо, Клод Руиз-Пикасо почина во Швајцарија. Веста ја потврди синоќа неговиот адвокат, кој рече дека Пикасно починал на 76 години.

Не ја соопшти причината за смртта. Руиз беше фотограф, графички дизајнер и филмски работник, а од 1989 година, управуваше со наследството на сликарот. Во јули објави дека заминува во пензија и дека задолженијата ѝ ги препушта на сестрата Палома.

Пабло Пикасо имаше четири деца. Највозрасниот син е Пауло, роден за време на врската со Олга Хохлова, кој почина во 1975 година. Потоа Маја, ќерка на Мари-Тереза ​​Валтер, која почина во 2002 година. Клод и Палома се родени за време на врската со Франсоаз Жило.

Share
Scroll to Top