Почина Слободан Дане Капевски (65), сликар,музичар и видна личност во скопскиот урбан живот.
Капевски го завршил Школото за применети уметности во Скопје, а потоа дипломирал на Ликовната академија во Белград, отсек сликарство.
Тој бил и еден од основачите на групата „Карамела“ каде свирел бас гитара. Бендот во почетокот на 1980 -тите важел за првиот македонски хеви метал бенд.
Тој имаше свое ателје на Матка, кое беше популарно уметничко збиралиште.