Почина српскиот актер Танасије Узуновиќ

Почина српскиот актер Танасије Узуновиќ

пред 2 години






Српскиот актер Танасије Узуновиќ почина на 81-годишна возраст на Клиниката за итна медицина на Академијата на медицински науки.

Танасије Узуновиќ е српски актер и внук на братот на Никола Узуновиќ. Роден е во Ниш во 1942 година. Завршил театарска академија во класата на професорката Љиљана Крстиќ.

Освен во театарот, играше во над 50 филмови и ТВ драми. Најпознат е по улогата на Рајко Малешевиќ од телевизиската серија „Мој роџак са села“. Добитник е на наградата Стерија и Октомвриската награда на Град Белград. Тој беше женет три пати и ја има ќерката Софија.





Share
Scroll to Top