Тапанарот на американскиот бенд Еarth, Wind & Fire, Фред Вајт, почина на 67-годишна возраст.
„Нашето семејство е тажно поради загубата на неверојатниот и талентиран член, нашиот сакан брат Фредерик Јуџин Фреди“ Вајт“, izjavil неговиот брат Вердин Вајт во соопштението.
Вердин Вајт (71), основач и басист на бендот добитник на Греми, формиран во 1969 година, рече дека братот број 4 во семејната постава сега игра со ангелите.
Морис Вајт е заслужен за основањето на бендот кој ги спои фанк, поп, џез и диско за да создаде хитови од 1970-тите, вклучувајќи ги „September“ и „Shining Star“. Тој почина во 2016 година.
Монте Вајт, менаџерот на бендот, почина во 2020 година на 66-годишна возраст.
Earth, Wind & Fire беа примени во Рокенрол Куќата на славните во 2000 година, каде нивните настапи во живо беа препознаени како спектакл на магија, мускули и музика.