Почина Хозе Падиља, најпознатиот диџеј на „Кафе дел Мар“

Почина Хозе Падиља, најпознатиот диџеј на „Кафе дел Мар“

пред 3 години

Легендарниот шпански диџеј Хозе Падиља почина на 64 години од рак. Падиља се прослави со неговата работа во светски познатиот клуб „Кафе дел Мар“ на островот Ибица. Веста за неговата смрт беше објавена на неговата официјална фејсбук-страница.

„Здраво, пријатели. Со голема тага објавуваме дека Хозе почина вo сон, ноќта во неделата, на неговиот сакан остров Ибица. Ние, неговото семејство и пријателите би сакале да им се заблагодариме на сите што дадоа донации и испратија пораки на поддршка, благодарение на што му беше полесно да го преживее последниот месец“, се вели во пораката.

Хозе Падиља е роден 1955 година во Барселона. Во 1975 година се преселил на Ибица, а во 1991 година станал диџеј во „Кафе дел Мар“. Во 1995 година ја издаде својата прва компилација од преработка на електронска музика создадена од разни музичари.

Share
Scroll to Top