Почина ѕвездата од „Сајнфилд“ Естел Харис

Почина ѕвездата од „Сајнфилд“ Естел Харис

пред 2 години

Глумицата Естел Харис позната по улогата во серијата „Сајнфилд“ почина на 93 години. Таа почина во саботата, а тажната вест ја потврди нејзиното семејство.

„Со најголемо жалење и тага ги известуваме сите дека Естел Харис почина. Нејзината добрина, страст, сочувствителност, хумор, емпатија и љубов беа практично неспоредливи и ужасно ќе ни недостига на сите кои ја познававме“, рече нејзиниот син Глен за Forbes.

Естел последните денови ги поминала во Палм Десерт во Калифорнија, а починала од природна смрт. Таа во сеирјата во „Сајнфилд“  ја имаше улогата на Естел Костанца. Го позајми и гласот во компјутерскиот-анимиран филм „Приказна за играчките“.

Милиони ја слушаа како госпоѓа Крумпирослава, а беше позната и по улогите во филмовите This is my life (1992) Out to Sea (1997) и The Odd Couple II (1998).

За потсетување, Харис се бореше со ракот во 2013 година, но успеа да го победи. Сепак тоа подоцна влијаеше на нејзиниот живот. Таа беше во брак со својот покоен сопруг Су Харисон од 1953 година. Нејзиниот сопруг почина во 2021 година, а заедно имаа три деца Ерика, Глен и Тарин.

Share
Scroll to Top