Ерменскиот композитор и музичар, Џиван Гаспаријан, кој е познат и како Господар на дудукот, почина на 92 години. Тој важеше за виртуозен изведувач на ерменската фолклорна музика, но изведуваше и разни музикчки жанрови. Гаспаријан соработуваше со истакнати музичари и оркестри како Стинг, Брајан Ино, Лајонел Ричи, Питер Габриел, Ханс Цимер , како и Филхармонијата на Лос Анџелес.
Работеше и на музика на филмови, меѓу кои: „Гладијатор“, „Сиријана“, „Крвав дијамант“.
Гаспаријан има освоено четири медали на светските натпревари на УНЕСКО, а исто така е прогласен и Народен уметник на Ерменија. Бил и професор на Државниот музички конзерваториум во Ереван.
Во 2010 настапи на Евровизија во Осло. Два пати има гостувано и во Македонија.