Почина 70-годишна жена на концерт на Роби Вилијамс

Почина 70-годишна жена на концерт на Роби Вилијамс

пред 5 месеци

Жена на 70-годишна возраст почина во болница откако паднала на концерт на британскиот пејач Роби Вилијамс во Сиднеј, соопштија здравствените власти.

За време на концертот, таа паднала преку шест реда седишта и се здобила со сериозни повреди на главата, јави Би-Би-Си.

Жената била итно пренесена во блиската болница, каде што била ставена во индуцирана кома.

Британскиот пејач не го коментираше инцидентот што се случи на првата вечер од неговата австралиска турнеја.

Несреќата се случила по завршувањето на концертот, изјави портпаролот на стадионот.

„Наместо да ги користи скалите, жената се обиде да помине низ редовите на седиштата и падна“, рече портпаролот.

За време на инцидентот на концертот присуствуваа околу 40.000 фанови.

Следниот концерт британската поп ѕвезда треба да го има во среда во Мелбурн, пренесува Танјуг.

Share
Scroll to Top