По години мрак, на братот на Атиџе му се врати видот - Турунџиева помогна да му се направи операција на очите

По години мрак, на братот на Атиџе му се врати видот – Турунџиева помогна да му се направи операција на очите

пред 3 години

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева изминатиов период постојано се залага да ѝ помогне на Атиџе. Таа ѝ организираше роденден, неодамна заедно се возеа на санки на Попова Шапка, а не ретко ќе ги видиме како заедно пеат, на фризер додека се разубавуваат, на шопинг. Сузана сега му помогна и на нејзиниот брат Феим да направи операција на очите и да си го врати видот. Сликата направена во очна клиника, Турунџиева ја објави на Инстаграм.

„’Те гледам Атиџе, еее сега те гледам’ беа зборовите на Феим – братот на Атиџе по операцијата која денеска му ја направи д-р Наум Трпеноски и му го врати видот кој целосно му беше онеспособен. Огромна благодарност до целиот тим на ‘Промедика oфталмологија’ што им го враќате видот и можноста на луѓето да живеат нормално и спокојно“, напиша таа.

Сузана во интервју неодамна за „Репортер“ раскажа за тоа како почнала приказната со Атиџе и за нивното пријателство.

„Пријателството со Атиџе постои од денот кога јас и моите пријатели ја посетивме во Бекирлија. Тоа беше некаде на почетокот на септември минатата година. Всушност, за тој ден сонував од тогаш кога првпат го изгледав документарецот ‘Медена земја’. Емоцијата што тој ден ми се разбуди гледајќи ја неа, толку посебна и несекојдневна, а толку своја, ќе ја паметам додека сум жива. Ја исплакав тивко во себе, си ја сместив во срцето и си ветив дека ако еден ден имам можност да ја сретнам, ќе направам сè за да ѝ го разубавам животот“, раскажа Турунџева за „Репортер“.

„Тивко ја исплакав, ја сместив во срцето и си ветив дека ќе ѝ го разубавам животот“- Сузана Турунџиева за пријателството со Атиџе

Share
Scroll to Top