По дваесет и две години брак се разведуваат Анета Молика и Џими

По дваесет и две години брак се разведуваат Анета Молика и Џими

пред 1 година

Фолк-пејачката Анета Мицевска по дваесет и две години брак со музичарот Џими Мицевски, се разведува.

Како што пренесува „Свет Аустралија“ нивната разделба е спогодбена, но парот и понатаму професионално функционираат и соработуваат.

Менувањето на името на Фејсбук групата која до пред извесно време била група „Молика“, од неодамна е  променето со име на пејачката Анета Мицевска, со постирање на одбрани песни чии автор не е сопругот Џими или близок до групата „Молика”.

Анета и Џими две децении се во брак. Заедно ја имаат ќерката Моника, која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, а тој пак, од претходниот брак има син кој е исто така музичар.

Share
Scroll to Top