Дино Мерлин: Никогаш не сум рекол дека мразам некој, тоа што се пишуваше за мене низ годините е измислено

По концертите во Загреб: Дино Мерлин би можел да ја надмине Пријовиќ со заработката

пред 9 месеци

Дино Мерлин одржа два концерта во Загреб кои беа распродадени, и ја воодушеви загрепската публика.

Покрај концертната ѕвезда, тука беа и регионално познатите пејачи Сенида, Весна Змијанац и Иван Банфиќ, кои сараевскиот магионичар ги донесе на гости.

Секако, поради неверојатната популарност која ја ужива во главниот град на Хрватска, Мерлин заработи многу пари од концертите.

Според проценките на порталот„ Direktno.hr“, земајќи ја предвид просечната цена на билетите и цената за изнајмување на Загребската Арена, Дино Мерлин за само два концерта заработил дури 1.562.000 евра.

Мерлин има уште два концерта закажани во Загреб. Ќе се одржат во петок на 15 декември и во сабота на 16 декември.

Share
Scroll to Top