Дуто ДНК најавија дека дел од средства од продажбата на билетите за нивниот јубилеен концерт ќе ги наменат за хумантарни цели и фондацијата „Марко Божиновски“ во која Панчо и Андреј се членови.
„Бидејќи осеќаме општествена и морална одговорност, сакаме да ве информираме дека дел од средствата од продадените билети ќе бидат наменети за хуманитарни цели и доделени на фондацијата “Марко Божиновски” во која сме членови и воедно големи поддржувачи на истата. Веруваме во нивната цел и добрина која ја прават за младите спортисти, но и за оние ранливи категории на луѓе и семејства на кои им се потребни финансиски средства. Тоа е најмалку што може да направиме за родителите на прерано починатиот младински ракометен репрезентативец Марко, на кои им симнуваме капа на нивната добрина и храброст. Едноставно им се восхитуваме“, изјавија ДНК, чии концерт е на 3-декември.
Инаку дуто во изминатите години многупати покажаа хуманост, со што им помагаа на граѓани од ранлива категорија.
„Со секоја купена влезница донирате и вие. 3.12, сабота дојдете да го славиме животот и македонската музика бидејќи не знаеме што ни носи наредниот ден“, напишаа ДНК.