Сините китови, најголемите цицачи на планетата Земја, повторно се удомуваат во делот на Индискиот Океан, од каде што беа истребени пред неколку децении, објави Би-би-си.
Истражувачите и филмаџиите ги снимија китовите во 2020 и 2021 година на Сејшелите, но по една година, благодарение на подводното аудио, беше утврдено дека тие поминале неколку месеци во регионот, што значи дека можеби повторно се размножуваат таму.
Научниците вклучени во оваа мисија го опишаа откритието како победа за зачувување на животната средина.
Текстот По неколку децении, сините китови се враќаат во своето тропско засолниште – Индискиот Океан е превземен од МАКФАКС.