По објавите дека ја користел врската со Џеј Ло за слава, Алекс Родригез прозборе за нивната љубов

По објавите дека ја користел врската со Џеј Ло за слава, Алекс Родригез прозборе за нивната љубов

пред 3 години

Некогашниот бејзбол-играч Алекс Родригез првпат прозборе за љубовта со Џенифер Лопез, откако пред неколку месеци тие ја раскинаа свршувачката. По нивната разделба се пишуваше дека Алекс само ја користел врската со латино-ѕвездата за слава. Брзо по раскинувањето медиумите почнаа да го поврзуваат и со поранешната девојка на Бен Афлек, а потоа и со две манекенки, но тој демантира дека бил во љубовна врска со нив. Сега, неколку месеци откако не се заедно, Родригез откри дека животот со Лопез бил преубав и дека не се кае за ништо од времето што го поминале заедно.

„Имав пет години прекрасен живот, исто така и моите ќерки. Тие имаа прекрасен однос со Џенифер, многу научивме од неа“, рекол Родригез.

Поранешниот спортист кажал и дека е многу благодарен за тоа каде го одвел животот, но и дека е горд на ќерките и како тие се развиваат и растат.

„Ние сме многу благодарни за последните пет години од нашиот живот. Но, сега размислуваме за тоа како наредните пет години да бидат подобри врз основа на научената лекција од минатото“, додал тој.

Share
Scroll to Top