По осум години фан на „Kвин“ се избори Фреди Меркјури да добие статуа во Jужна Кореја

По осум години фан на „Kвин“ се избори Фреди Меркјури да добие статуа во Jужна Кореја

пред 2 години

Бизнисменот Баек Сун-јеоб, кој е голем фан на групата „Квин“ си го исполни долгогодишниот сон да постави споменик на Фреди Меркјури во природна големина во Јужна Кореја. Бронзената статуа која го прикажува пејачот со кренати раце, е поставена на островот Џеџу. Висока е 1,77 метри, а чинела 37.000 евра.

Светските медиуми пишуваат дека Сун-јеоб (57) првпат побарал дозвола да постави споменик на Меркјури во 2014 година. Тој дојде на отворањето на споменикот со транспарент „Ние сме шампиони“, според насловот на една од најпопуларните песни на групата.

Тој како тинејџер ја слушал музиката на „Квин“ преку пиратски снимки, бидејќи групата била забранета во Јужна Кореја во 1970-те години. Тогашниот режим на воениот диктатор Парк Чанг-хи, меѓу другото, им забранувал на мажите да носат долга коса.

Иако Баек не добил одговор на својот прв мејл, тој продолжил да праќа пораки секој месец цели шест години, пред членовите на групата и нивните менаџери да се согласат да се сретнат со него во Сеул во 2020 година. „Квин“ тогаш го одржа својот прв концерт во Јужна Кореја како резултат на големиот успех на филмот „Боемска рапсодија“

Share
Scroll to Top