По пауза од една година Серена Вилијамс му се врати на тенисот: Бев загрижена дека ќе ми заврши кариерата

По пауза од една година Серена Вилијамс му се врати на тенисот: Бев загрижена дека ќе ми заврши кариерата

пред 4 години

Серена Вилијамс вели дека „апсолутно“ била загрижена дека нејзината кариера е завршена по повредата на ногата минатата година.

dobivaj vesti na viber

Тенисерката Серена Вилијамс изјави се сомневала дека повторно ќе се врати на професионалниот тенис по повредата на ногата лани на Вимблдон.

Вилијамс која има четириесет години се врати за прв пат по повредата во вторникот на турнирот  Истбурн Интернационал.

Вилијамс и партнерката во двојки Онс Џабер од Тунис ги победија Шпанката Сара Сорибес Тормо и Чехот Марија Бузкова во три сета.

По натпреварот, Вилијамс изјави за Би-Би-Си дека чувствувала дека нејзината иднина е доведена во прашање додека се опоравувала од повредата, која ја заработи додека се соочуваше со Алиаксандра Саснович на Вимблдон во 2021 година. 

„Би било нечесно ако кажам дека не бев, но сега моето тело се чувствува одлично“, рече Вилијамс.

Share
Scroll to Top