Американската актерка Гвинет Палтроу сама ја рекламира нејзината нова колекција облека за жени, G. Label, која се продава преку Интернет. Пролетната колекција на Палтроу има девет парчиња облека, а може да се порача единствено преку веб-страницата „Гуп“.
Актерката и дизајнерка (48) моделите од пролетната колекција ги нарече „најважни луксузни работи во гардеробата“. Освен облека, Палтроу преку „Гуп“ дава совети за здрав и среќен живот, продава и асесоари и предмети за домот, а особено популарни се миризливите свеќи со арома на вагина и силиконските вибратори.