По силното невреме во прилепско: Проданоски најави формирање Комисија за проценка на штетите (ВИДЕО)

По силното невреме во прилепско: Проданоски најави формирање Комисија за проценка на штетите (ВИДЕО)

пред 4 часа

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град.

Невремето предизвика сериозни штети врз земјоделските површини во атарите на Мажучиште, Големо Коњари и Мало Коњари. Најпогодени се тутуновите насади, и тоа во периодот кога е во тек бербата, но штети има и кај други земјоделски култури.

„Утре, на редовната седница на Советот на Општина Прилеп, ќе формираме Комисија за утврдување и проценка на штетите. По завршувањето на проценката, извештајот и записникот веднаш ќе ги доставиме до Владата, по што се надеваме дека ќе се дефинира соодветен надомест за погодените земјоделци“, изјави Проданоски.

Тој најави и итна средба со Министерството за земјоделство, со цел, како што посочи, заеднички да се изнајдат брзи и соодветни решенија за земјоделците кои претрпеа загуби.

„Како локална самоуправа стоиме максимално зад нашите сограѓани. Во вакви моменти нема простор за чекање. Наша должност е да бидеме со земјоделците и да помогнеме штетата да биде соодветно проценета и надоместена“, порача градоначалникот на Прилеп.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.

Share
Scroll to Top