По Тимчо, и Мицковски купи 30 билети за Вардар

По Тимчо, и Мицковски купи 30 билети за Вардар

пред 1 година

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, купи 30 сезонски билети за настапите на фудбалскиот клуб Вардар. Картите ќе ги даде на навивачи, за како вели,  да покажеме дека навивачите се тука за клубот.

„Денес купив 30 сезонски карти за ФК Вардар. Да го помогнеме Вардар, да покажеме дека навивачите се тука за најтрофејниот македонски клуб. Со срце за Вардар“, вели Мицкоски.

Неодамна и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски купи 30 сезонски билети и ги подели на навивачи на Вардар кои сакаат да го гледаат скопскиот клуб како игра во Првата македонска фудбалска лига.

„Со 30 сезонски билети, набавени од сопствени средства продолжува мојата поддршка за „Комити“ и „Вардар“. Секогаш од срце и со задоволство давам поддршка на иницијативите и проектите што со поврзани со спортот, традицијата и Македонија“, рече тогаш Муцунски.

Share
Scroll to Top